Повеќето од нив засега се повеќе познати како деца на познатите, но тоа на модните куќи и дизајнерите им е доволна да причина да ги ангажираат како заштитни лица на модните кампањи за пролет-лето 2016. Тие се новите ѕвезди во модниот свет, феномен кој почна пред неколку сезони, а продолжува и во следната. Нивните кариери се во зачеток, доста од нив ги прават првите чекори како актери, а се актуелни и во модата како манекени. Последната вест на оваа тема е новата улога на Каја Гербер, ќерката на славната супермоделка Синди Крафорд, која се појави во кампања за Chrome Hearts. Потоа Дилан Ли, синот на Памела Андерсон и музичарот Томи Ли, во моментов ја промовира „Сен Лоран“, пред големата ревија на модната куќа во Холивуд паладиум во Лос Анџелес.
Џејден Смит, синот на актерите Џејда и Вил Смит облечен во здолниште е дел од капмањата од Series 4 на престижната модна куќа „Луј Витон“, а уште едни деца на холивудските актери Шон Пен и Робин Рајт, Дилан и Хопер Пен, здружно се појавуваат во промотивната кампања на Fay. Дилан и Хопер во пустина снимија реклама за овој италијански бренд. Ајрис Лоу, ќерката на актерите Џуд Лоу и Сејди Фрост се појавува во реклама за капсулната колекција Illustrated People x Violetta Fancies You, а и нејзиниот брат Раферти е во модниот свет и сега е актуелен во кампања за Effra London.
Ќерката на Џони Деп, Лили Роуз-Деп веќе ја наследува својата мајка Ванеса Паради во улогата на бренд амбасадор на „Шанел“. Ален-Фабиен Делон, син на познатиот француски актер Ален Делон е новата ѕвезда на машката кампања на „Диор“. Бруклин Бекам сезонава доби задача на фотограф за новата кампања на „Барбери“ (иако доби и критики за непотизам од страна на професионалните фотографи дека како тинејџер и неискусен фотограф, неосновано е фотографира кампања за луксузнот британски моден бренд). Инаку, помалиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео, со години се појавува во рекламите на „Барбери“.
Минатата сезона актуелни беа Габриел Деј Луис (син на Даниел Деј Луис и Изабел Аџани), Џек Килмер (син на Вал Килмер и Џоан Вајтли) и Дилан Броснан (син на Пирс Броснан) , кои се појавија во реклам за „Диор“ и „Барбери“. (K.T.)
Нема коментари