Кои се најтрендовските шалови оваа сезона?
За да создадете модерен зимски изглед, покрај горна облека и чизми, ќе ви требаат и стилски додатоци, како што се топлите шалови. Оваа сезона, одлучете се за дебели кашмирски модели, џамбо шалови со реси и со монограми на брендови, марами кои потсетуваат на ќебе кои ќе ги обвиткате околу вратот за да се стоплите што е можно повеќе.
Зимава најпопуларниот модел на шал е долг, широк, мек и влкоплив во секоја модна комбинација. Шарени или еднобојни, најчесто со реси и со амблем со лого, овој тренд го почнаа Loewe и Acne Studio, а го продолжија останатите брендови. Како се носи, погледнете во нашиот избор на стајлинзи.
Нема коментари