Првиот број на новиот месечен весник – „Дебар Маало Тајмс“, кој ќе биде водич низ сентиментот и носталгијата на срцето и душата на градот – Дебар Маало ќе излезе утре, на 21 октомври. Овој урбан медиум ќе информира за новостите и настаните кои во ова маало се случуваат денес и ќе преставува градско четиво за сите дебармаалски, и не само дебармаалски генерации. „Дебар Маало Тајмс“ ќе воведе во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје.
-„Дебар Маало Тајмс“ единствениот весник кој е ослободен од фрустрацијата наречена политика и „големите теми“ на секојдневието; тој има за цел да биде весел, да релаксира и на духовит и оригинален начин на голема врата да го донесе она што недостасува, а тоае доброто расположение. Неговата идеја е да го отслика оној вистински дебармаалски шарм и дух, да ги раскаже автентичните приказни на ова маало и да ја пренесе традицијата и историјата која овде со децении се пишува-велат од месечникот.
Основачи на „Дебар Маало Тајмс“ се ортодоксните дебармаалци Зоран Блажевски (или Зоки Малиот – Џубокс) и Милан Банов – Карамба, кој истовремено е и главен уредник на весникот. Весникот е бесплатен, а ќе го пронајдетена масите восите дебармаалски кафеани, меани, гостилници, ресторани, хотели, таверни, пицерии, кафулиња, клубови и практично насекаде каде што вее духот на Дебар Маало.
Нема коментари