Модниот дизајнер Давид Стојановски, магистер по моден дизајн и костимографија на Националната академија на уметностите во Софија, како нов и самостоен дизајнер на македонската модна сцена се претставува со нова колекција Greta за есен 2021, а еве го неговиот концепт за креациите илустрирани преку фотосесија со манекенката Софија Симоноска и фотографот Антонио Станков.
-GRETA е приказна за обидот за композирање на уникатен образ кој се прогнозира да предизвика социо-револуционерено движење во општеството во врска со климатските промени. Поконкретно ја развива тематиката за егзистенциализмот на генеологијата на основните филозофски елементи на Земјата – вода, оган и воздух и нивните опозити размрзнување, пожари и загадување.
Прашањето кое се налага како приоритет е дали оваа утопична реалност има паралелна дејствителна теза? Водејќи се по предпоставките дека оваа учтива цел е само морален парадокс на човештвото и сфаќајќи ја важноста на овие елементи исчезнати со своите квалитети, преостанува да вникнеме во проблематиката на животот во футура кој го обединува присуството на употребата и уништувањето на битието на истите.
GRETA David Stojanovski Fall 21
Концепт: Давид Стојановски/ Фотографија: Антонио Станков/ Модел: Софија Симоноска ( Models In)/ Шминка: Миа Арабаџиева/ Чевли: Shevro
Нема коментари