Атрактивната холандска манекека Даутцен Крус позира за новиот lookbook на брендот за луксузна секси-долна облека, „Викторија сикрет“. Топ-моделот, кој го очекува своето второ дете, во сесијата е заводлива, со секси модели со тантела, панделки и свила. Во пролетната линија на „Викторија сикрет“ има градници и гаќички со цветен дезен, порабени со светла тантела и модели украсени со ситни кристали. Застапени се парчиња во сина, сива, војничко зелена, жолта, црна и розова боја. На дел од градниците прерамките им се врзани/поставени во икс (Х), што овозможува полесно движење и спортски активности.
Нема коментари