Ако сакaтe темно обоени нокти ова е нијансата за вас за овој период – лаковите за нокти во темноцрвена боја се сметаат за најочигледна опција за есенски и зимски маникир. Слично како и кај облеката, и во однос на боите за нокти, во студените месеци бираме потемни тонови. Темноцрвената е идеална за есенско-зимски маникир, моќна и класична исто како жар црвената, но и доволно впечатлива за да ги задоволи оние жени кои негуваат посмел изглед. Блиску до оваа боја е и бордо нијансата, која исто така претставува интересна зимска боја за лак на нокти.
Нема коментари