Откако се појави во пролетните кампањи на Salvatore Ferragamo, Equipment и Дајан фон Фурстенберг, канадскиот топ-модел Дарија Вербови, е дел од новиот каталог на шведскиот бренд за секојдневна облека, H&M. На фотографдиите, снимени од Микаел Јансон, таа носи дел од најжешките парчиња за пролет-лето 2015, кои се во стилот на 70-тите години. Креациите се поклопуваат со шик и урбаниот имиџ на манекенката. Застапени се лежерни кошули во комбинација со шорцеви, долги хипи фустани со принт, пижама-костум, како и фармерки со висока половина. Стајлизните се надополнети со соодветни модни додатоци, како шешир, кожени чанти и колани, епсдрили и чевли на високи потпетици. Следно во агендата на Вербови е кампања за Net-a-Porter.
Нема коментари