Супермоделот Дарија Вербови ја промовира новата колекција за сезоната пролет-лето 2014 на дизајнерката Дајан фон Фурстенберг. Фотографиите ги направи Микаел Џенсон, а стајлингот е на Карл Темплер. Дајан фон Фурстенберг неодамна одбележа 40-годишнина од создавање на нејзиниот славен фустан на преклоп. На 9 февруари, во рамките на актуелната Модна недела во Њујорк, таа ќе има промоција во соработка со American Express, за настан кој ќе биде спој на мода и музика.
Нема коментари