Дизајнерката Изабел Марант по третпат ја најми манекенката Дарија Вербови за промоција на нејзина колекција. Соработката следува по ланската успешна работа на промотивните материјали за колекцијата на H&M што ја дизајнира Марант. Фотографиите за новата реклама ги направи Карим Садли. На нив Дарија носи кожени црни модели, јакна и шорцеви, комбинирани со памучна блуза, односно лелена кошула, како и здолниште со карнери. Соодветна шминка за овие кежуал и рокерски стајлинзи направи Јадим.
Канадскиот модел со полско потекло, иако најави дека ќе направи пауза од работа поради премореност, сепак има доста активен период. Неодамна беше најавено дека ќе биде зашитно лице на пролетната кампања на „Манго“, сними промотивни фотографии за „Баленсијага“ и за „Селин“, а се појавува и на насловната страна на мартовскиот број на американски Vogue.
Нема коментари