На вчерашната свеченост во Копенхаген по повод 80-от роденден на принцот Хенрик, сопругот на данската кралица Маргарет, нивната снаа Принцезата Мери се појави во бел фустан со асиметрична должина и со сребрена шара од колекција на Тони Матичевски, дизајнер со македонско потекло кој важи за еден од најзначајните австралиски модни креатори. Идната данска кралица е родена во Австралија, каде што и живее и работи Матичевски, па можеби не изненадува нејзиниот избор. Мери од Данска веќе го носеше истиот модел за едно фотографирање за австралиското списание Women’s Weekly.
Нема коментари