Компанијата Space 10 и архитектите Мадс-Урлик Хусум и Сине Линдолм создадоа повеќеслоен и сферен павилјон наменет за градски средини во кој може да се ужива, одмора, но и да се одгледуваат растенија и зеленчук. Компанијата под покровителство на ИКЕА го направи Growroom, објект во кој се одгледува зеленило и кој треба да ги инспирира луѓето кои живеат во урбани средини да создадат своја градина и да садат своја храна. Идејата е да се поттикне дијалог како можеме природата да ја вратиме во градовите, да одгледуваме своја храна и во иднина да се справиме со зголемената побарувачка на храна.
Исполнет со зеленило, зеленчук и разни плодови на полиците вертикално поставени од под до таван, градината Growroom е уметничко истражување на неверојатниот потенцијал на урбаното земјоделство. Павилјонот Growroom е дизајниран така да биде едноставен за изградба, и на сите им овозможува да создадат своја градина во само 17 чекори. Упатсвото за употреба и шаблонот за градење се бесплатни и може да се најдат на следниов линк, а шперлплочата или иверката потребна за изработка не е многу скапа. Препорачливо е овој DIY проект да се направи со помош на професионален мајстор.
Нема коментари