Даниела Милошеска е основач на Bastet Noir, првата онлајн-продавницата што ги поддржува балканските дизајнери кои практикуваат еколошки начин на производство. Храбро започна пред 2 години, кога онлајн трговијата, онлајн плаќањето во Македонија и еко-модата беа поими завиени со скептицизам. Денес не само што успеа да придонесе кон тоа македонски дизајнери да пласираат дел од своите производи на нови пазари, туку има и низа признанија од кои најсвежо е признание и од Conscious Living платформата, како еден од најдобирте 20 сајтови за еко мода.
И Даниела не запира тука. Знаејки колкав предизвик е менаџирањето на фиксните трошоции колку е тешко за еден стартап да си дозволи канцелариски трошоци, таа има нов потфат. Го отвара првиот Co-working простор во Скопје, Coffice. Целта на Co-working концептот е да им помогне на сите стартап основачи, фрилансери или ентузијасти да добијат пријатен работен простор со разумна цена.Од овој месец, и во Скопје тоа ќе го понуди Coffice.
Повеќе за преживувањето на првите 2 години на водење стартап воопшто, и моден стартап специфично, и новиот co-working простор, Coffice, ќе чуеме на следниот Startup Grind Skopje, настан организиран од Clear View BTC, поддржан од Google for Entrepreneurs. Даниела не e избрана случајноза говорник, туку доаѓа да го прослави Female Founders Month, односно месецот на девојки-претприемачи кои успеваат во предоминантниот машки свет.
Настанот ќе се одржи на 3 јуни, среда, од 18 до 21 часот во новиот co-working простор, Coffice (Мито Хаџи-Василев Јасмин, позади Јосип Броз Тито)
Дел од прашањата за кои ќе зборуваме се
- Како да собереш храброст да започнеш?
- Како до првата продажба?
- Како дa го брендираш стартапот?
- Како да ги преживееш првите две години водење стартап?
- Како со парите – како да планираш трошоци и на што да не трошиш?
Дојдете да научите за замките на кои треба да внимавате во првите 2 години, да ја запознаете Даниела и многу други инспиративни луѓе од стартап заедницата и давидитекадеможедабидевашатаиднаканцеларија.
Картите се по симболична цена од 250 денари и може да ги резервирате на oфицијалната Startup Grind Skopje страница или да пишете на info@clearview.com.mk.
Нема коментари