Инстаграм се покажа како дигитална платформа која одлично ја покрива модата и неретко е местото каде прво се објавуваат вестите од светот на модната индустрија. На Инстаграм е и „борбата“ за најследен профил на дизајнер или модна куќа, а еве ги најпопуларните: Во топ три се „Шанел“ (27.7 милиони следбеници), „Луј Витон“ (24 милиони) и „Гучи“ (23.9 милиони). Потоа следат Викторија Бекам, „Диор“, Долче и Габана, „Прада“, Келвин Клајн, „Версаче“. На оваа листа рангирани се модните куќи кои креираат луксузна мода, а изземени се некои од спортските и хајстрит брендови кои инаку високо котираат на Инстаграм, како што се Nike, Zara, Adidas, Victoria’s Secret, H&M и Supreme.
Нема коментари