Славната креаторка Дона Каран можно е да се повлече од својот бренд DKNY. Американските медиуми шпекулираат дека успешната ревија, одржана минатата недела во Њујорк, каде што во првите редови седеа Рита Ора, Кејти Холмс, Труди Стајлер, Бернадет Питерс и Дебора Ли Фарнес, беше последното шоу на креаторката под ова име. Таа се појави со солзи на очите и емотивно ја отпоздрави публиката. Тоа и ги поттигна гласините за нејзино збогување од DKNY.
На објавите за наводно заминување на Каран, од брендот се огласија со демант. Во изјава за New York Post велат дека „Дона е главен дизајнер на компанијата, сè останато се гласини“.
Шеесет и петгодишната Каран, која почна како асистентска на Ени Клајн, пред 25 години со својот, веќе покоен сопруг, го лансира брендот DKNY. Изминативе декани моделите на Каран станае едни од најурбаните и најносените меѓу дамите што преферираат женствен и елегантен изглед. Во 2001 година таа му вметна младешки имиџ на брендот.
На Модната недела во Њујорк ја промовира својата колекција есен-зима 2014/15.
Нема коментари