Кога ќе се изгасат камерите и рефлекторите од филмските сетови и светските сцени, и кога ќе се повлечат фотообјективите и собере црвениот килим, ѕвездите продолжуваат со својот „нормален“ живот. Тоа значи и замена на луксузните и често неудобни креации со нешто полежерно, удобно и често достапно за поголемиот број луѓе.
Кога ќе ѝ завршат професионалните обврски, интервјуата и снимањата младата актерка Дакота Фенинг носи практични, модерни, носиви и не толку скапи парчиња. Деновиве беше „уловена“ во фустан со голи рамена од шпанскиот бренд „Зара“, кој кај нас чини 1.990 денари.
Голите рамена се тренд во секојдневната мода уште од минатото лето, а доста ќе се носат и оваа сезона. Од големата понуда на „Зара“ на фустани со голи рамена што може да си ги дозволиме ви нудиме селекција од неколку модели. Има неколку со мини модели со сини пруги, како тој што го носи Дакота, како и креации од светол и темне мек џинс, ленени бели парчиња, како и видозименета форма на машка кошула. Дел од понудата е со карнери, а некои од фустаните со голи рамена имаа тенки или подебели прерамки. Цените се движат од 990, 1.790, 1.990, па сè до 2.990 денари.
Нема коментари