Пред неколку дена во Линколн центарот во Њујорк се одржа гала вечера посветена на „Валентино“ и на дизајнерите на оваа модна куќа Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли. На настанот се појавија повеќе познати личности, највпечатлива во однос на изгледот беше Дајан Кругер која носеше тоалета со екстравагантна текстура која потсетува на пердувите на паун, дел од колекцијата на висока мода на „Валентино“, со интересен проѕирен дел кај деколтето и златен накит како додаток кој соодејствува со златната апликација на фустанот.
Нема коментари