Славната дизајнерка Дајан фон Фурстенберг наскоро ќе добие свое реално шоу, што ќе се емитува на ТВ-каналот за забава, „Е!“, јавува Fashionista. Шоуто ќе биде своевидна конкуренција на проектот The Apprentice и ќе се фокусира на однос меѓу шефот и неговите вработени. Креаторката ќе биде шефицата, која ќе соработува со осум кандидати. Тие ќе се натпреваруваат за да станат глобален амбасадор на DVF. Оваа задача од модната куќа ја објаснуваат како позиција-интегрален дел од тимот на компанијата, амбасадорот ќе патува низ светот и ќе ја претставува работата на Дајан и нејзиниот бизнис. Дајан фон Фурстенберг неодамна со ревија во рамките на Модната недела во Њујорк ја прослави 40-годишнината од основањето на својот бренд.
Нема коментари