Пријателството помеѓу славната дизајнерка Дајан фон Фурстенберг и актерката и модна икона Гвинет Палтроу вроди со нова креативна соработка. Дајан дизајнира капсулна линија за за брендот на Гвинет Палтроу, Goop. Станува збор за класични и урбани креации во црна и бела боја, што се совпаѓа со префинетиот имиџ на Палтроу и жентвениот дизајнерски пристап на креаторката. Мини-колекцијата содржи само четири модели што ќе може да се набават ексклузивно на goop.com од 10 септември. Црниот комбинезон од линијата ќе чини 598 долари, белиот мантил-фустан -498 долари, а клач чантите по 298 долари.
Дизајнеркaта и актерката искажаа големо меѓусебно одушевување:
-Гвинет е паметна, убава и талентирана, одличен пример за реализирана жена -вели Дајан.
На ова русокосата оскаровка одговара: „Дајан е олицетворение за архетипот на жената на 21-от век“.
Нема коментари