Наместо класичен Дедо Мраз, трговскиот центар Yorkdale од Торонто, Канада, ангажира моден Дедо Мраз кој ќе ја промовира празничната сезона и кој за кратко време стана хит на Интернет. Модниот Дедо Мраз всушност е манекенот Пол Мејсон, кој e малку послабичок од „вистинскиот“ Дедо Мраз и има похипстерска бела брада, а во празничната кампања на трговскиот центар позира во капути од „Барбери“, патики од „Живанши“ и кашмирни креации од Салваторе Ферагамо.
Но, модниот Дедо Мраз шири радости исто како и класичниот. Во духот на дарежливоста, за секое селфи со Дедо Мраз при посетата на Yorkdale и потоа постирано на социјалните мрежи под хаштаг #YorkdaleFashionSanta, трговскиот центар ќе донира по еден долар на сметката на фондацијата Sick Kids, средства наменети за Детската болница во Торонто.
Мејсон вели дека ова е модерен спин на типичните фотографии со Дедо Мраз. Луѓето прават толку многу селфи-фотографии со него, поради неговата брада и изглед, па може тоа да го искористи во хуманитарни цели и да соберат средства за болните деца. Но нагласува дека во Yorkdale вообичаено се фотографира со повозрасни, и стои понастрана од децата - за не го помешаат со традиционалниот Дедо Мраз.
Нема коментари