Paket.mk со платформата „Направи повеќе“ започна донаторска акција за да се помогне на социјално загрозени семејства да добијат намирници за време на новогодишните празници.
-Со нашето малку можеме да овозможиме нечие многу. Ова е девизата од којашто се водевме за партнерството со „Направи повеќе“. Идејата е на лесен начин секој да може да донира намирници користејќи ја платформата на онлајн супермаркетот Paket.mk. Како најголема платформа во Македонија сметаме дека може да помогнеме на многу семејства и ги повикуваме граѓаните да помогнат да собереме што повеќе намирници и да помогнеме онаму каде навистина треба помош - изјави Драган Јосифовски, ко-сопственик и директор на Paket.mk.
Проектот „Направи повеќе” е направен со цел да се намали бројот на семејства со потешкотии да набават намирници за исхрана и хигиена преку принцип на донирање со дигитална, брза и транспарентна донација. На интернет страницата https://domoremk.com може да се избере семејство за донација и да се пријави семејство каде има потреба од помош. Донациите се вршат преку донирање средства со кои ќе се обезбедат потребните намирници преку Paket.mk.
Нема коментари