Фамозните црвени патики, што раперот Канје Вест ги дизајнира во соработка со компанијата за спортска опрема, „Најк“, беа продадени за само 10 минути во неделата, што не е некое изненадување. Но, поголем шок е што моделот Air Yeezy 2 Red October на eBay постигна цена од неверојатни 16.4 милиони долари. Во неделата од „Најк“ објавија на „Твитер“ дека патиките се на продажба по цена од 245 долари, и тие толку брзо се распродале што веднаш почнало наддавањето и на eBay. Креациите се цели црвени со златни елементи (не станува збор за вистинско злато).
Во ноември за време на својата турнеја Yeezus музичарот објави дека ја прекинал понатамошната соработката со „Најк“, поради тоа што компанијата не му плаќала авторски поени од заработката на заедничкиот моделот што го промовираа во 2009 година, Air Yeezy. Но, во рамки на претходниот договор влегол новиот модели, Air Yeezy 2 Red October , затоа и се најде во продажба…. Во иднина Вест е отворен за соработка со „Адидас“.
Нема коментари