Женствени, креативни и шик модни изданија можеа да се погледнат на црвениот килим на престижните театарски награди Tony Awards, кои вчера го собраа кремот на Бродвеј во Њујорк. Доминираа црните, белите и цветните креации. Во црвено блесна Оливија Вајлд со фусан со длабок В-изрез од Мајкл Корс. Впечатливи во црно беа Кендис Свонипул и Синтија Ериво во раскошен модел од CG. Во црн фустан и воочливи цветни чизми од Oscar de la Renta беше топ-моделот Алек Вик , Ана Кендрик се одлучила за цветен модел со црна основа од Miu Miu, а Дени Бендот носеше флорална креација во бело-зелена боја од Oscar de la Renta. Цветен дезен имаше и на белата креација од Schiaparelli на актерката Коби Смалдерс. Во бели софистицирани и шик креации се појавија Скарлет Јохансон (Michael Kors), Сара Полсон ( Rodarte) , Синтија Никсон (Rosie Assoulin) и Криси Тејген.
На церемонијата беа наградени најдобрите сценски изведби и проекти за минатата сезона. За најдобар мјузикл е прогласен Dear Evan Hansen, а наградата за претстава ја доби Oslo. Најдобри повратнички мјузикл е “Hello, Dolly!”,а возобновена претстава “Jitney”. Наградата за најдобри актерки изведби ги добија Кевин Клајн (Present Laughter”), Лори Меткаф ( “A Doll’s House, Part 2”), Бен Плат (“Dear Evan Hansen”), Бети Мидлер ( “Hello, Dolly!”)Мајкл Аронов (“Oslo”), Синтија Никсон (“The Little Foxes”) Гевин Крил ( “Hello, Dolly!”) Рејчел Беј Џонс ( “Dear Evan Hansen”).„Тони“ за најдобар мјузикл по книга и за најдобра оригинална музика доби Dear Evan Hansen. Најџел Хук доби награда за најдобар сценски дизајн на претстава за “The Play That Goes Wrong”, а мими Лиен за мјузиклот “Natasha, Pierre & the Great Comet of 1812”. Водител на настанот беше Кевин Спејси.
Нема коментари