Во доминантно црни, црвени и бели креации ѕвездите на серијата „Маркетинг директори“ продефилираана црвениот килим на премиерата на последната, седма, сезона на шоуто. На т.н. Црно-црвен бал, одржан во Лос Анџелес деновиве, сето вниание беше насочено на главната ѕвезда на серијата-Џон Хам, кој го толкува главниот лик- маркетинг директорот Дон Дрејпер.Тој се појави првпат во јавноста по пријавувањето во клинка за одвокнување од од зависност од алкохол. Со потпорасната брада, облечен во бело палто, со црна пеперутка вратоврска и црни панталони со лента од страните, тој покажа висок сенс за отменост , како и ликот што го толкува во шоуто.
Вниманието на фоторепортерите го привлекоа и неговите колешки. Џенуари Џонс, која ја толкува неговата поранешна сопруга, Бери Дрејпер, се појави во црбо-бела тоалета од Prabal Gurung , младата Кирна Шипка, која ја глуми неговата ќерка, Сели, содветно на години носеше младешки модел од „Миу Миу“. Атрактивната Кристина Хендрикс, која од неодамна е русокоса, блесна во раскошен фустан од Зак Позен.
Финалните епизоди на еден од најнаградуваните ТВ-проекти, во продукција на AMC , ќе почнат да се прикажуваат на 5 април.
Нема коментари