Со бели рози на реверите и в раце голем број ѕвезди дадоа поддршката на кампањите против сексуалното вознемирување #МеТоо и половата нерамноправност #TimesUp на црвениот килим на доделување на престижните музички награди „Греми“ вчеравечер во Њујорк. Тие беа главен моден додаток не само на дамите (кои во ова сезона на награди ги синхронизираа стајлинзите, најпрво во црно на Златните глобуси, па во бело на Critic’s Choice Awards). Овој пат и мажите се приклучија на движењето. Дел од говорите, како и музичките изведби исто така беа во знакот на солидарност со жртвите на сексуално злоставување.

Дами во костуми со мапки крој: Ив, Мајли Сајрус, Жан Моне и Кејша
Иако црвениот килим на „Греми“ е познат по шаренилото од стилови и драматични креации, овој пат можеше да се забележи посмирен моден израз, со доминатни црна и бела боја. Поголем број од дамите се одлучиле за смокинзи, но имаше и раскошни модели со тантела, пердуви, впечатливо принтови и светки. Кај мажите традиционално е избегнат шаблонот на класичен костум и дрескодот со црна вратоврска, и можеа да се видат најразлични стајлинзи, од фармерки и ветровка со принт, преку кадифено палто, бел костум, па сè до руска шубара и шал.
Бели рози на реверите во знак на поддршка на движењето против сексуално злоставување врз жените
На 60-тото издание на Gremmy awards триумфира Бруно Марс, кој победи во сите шест категории каде што беше номиниран меѓу кои и за најдобар албум (24K Magic), за сингл и за песна на годината (That’s What I Like). Со четири златни грамофони дома си замина раперот Кендрик Ламар за најдобар рап-албум, најдобра рап-изведба и најдобра рап-песна. Ед Ширан доби две награди за најдобра поп соло изведба (Shape Of You) и најдобар поп вокален албум (Divide).

Хајди Клум, Лејди Гага и Рита Ора во црни секси фустани

Бели драматични модели

Семејно на црвениот килим: Елтон Џон со својот партнер, сопружниците Криси Тејген и Џон Леџенд и Пинк со својата ќерка

Од фармерки со принт, преку кадифено палто, бел костум, па сè до руска шубара и шал, сите варијации на новата машка мода на црвениот килим

Бруно Марс е апсолутен победник на 60-тото издание на „Греми“

Раперот Кендрик Ламар дома зи замина со четири златни грамофони
Нема коментари