Во светот на шминката црвениот кармин е она што малиот црн фустан е во модата – совршен за секоја пригода и одговара со секаква облека. А козметичките куќи лансираат нијанси на црвена која ќе одговара на сечиј тен. Црвениот кармин е секси и е соодветен за вечерно излегување со партнерот, но во исто време зрачи моќ и самодоверба и може да се носи и во канцеларија. Тој на жената ѝ овозможува со минимален напор да постигне максимален ефект – со малку црвена боја на усните таа е подготвена за на работа или за вечерна пригода, без да мора да нанесува шминка на целото лице. Еве избор од 10 кармини кои веќе имаат култен статус или се омилени, а можат да се набават и кај нас.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари