Црвениот фустан што Мишел Обама го носеше на инаугурацијата на својот сопруг, претседателот на САД Барак Обама, ќе биде поставен во музеј. Во Музејот на американската историја Смитсонијан оди секоја креација што првата дама ја носи на првата инаугурација на нивните мажи. Но Мишел Обама е првата сопруга на американски претседател чиј фустан од промоцијата на вториот мандат ќе биде поставен во музејот.
Како и првата креација и оваа ја дизајнира омилениот креатор на Мишел, Џејсон Ву. Таа ќе биде изложена во комбинација со чевлите од Џими Чу, во рамки на стогодишниот јубилеј на претставувањето на креациите на првите дами во музејот Смитсонијан.
Нема коментари