Доделувањето на Златниот глобус е еден од најгламурозните и најважните настани пред Оскарите, тоа се награди што ги доделува холивудската асоцијација на странски новинари и често се предвесник за тоа кој ќе ја добие најпосакуваната филмска награда Оскар. На вчерашната свеченост наградата за најдобар филм ја доби „1917“ на Сем Мендез, а меѓу наградените во бројните филмски и тлевизиски награди беа Мишел Вилијамс, Хоакин Феникс, Рене Зелвегер, Бред Пит, Фиби Волер-Бриџ, Олива Колман, Стелан Скарсгард, Елтон Џон…
Секако, вниманието беше насочено и кон црвениот килим и модата на славните личности. Во стилот на Риз Витерспун, Скарлет Хохансон, Никол Кидман, Марго Роби и останатите холивудски ѕвезди доминираа вечерни тоалети во црна, бела, црвена боја и во интензивни нијанси. Видовме доста класични тоалети, некои креации имаа необични форми и стилски решенија, очигледен избор секогаш се фустаните со светкав материјал, а посебна пофалба за оние кои се одлучија за неконвенционален изглед – Кери Вашингтон изгледаше секси во провокативен фустан со разголен горен дел и црно сако, Фиби Волер-Бриџ избра костим од колекција на висока мода, а младата Џои Кинг изгледаше хипнотизирачки во креација на Ирис ван Херпен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари