Традиционално модната уредничка Карин Ројтфелд организира забави во рамките на Париската модна недела на кои го промовира новиот број на своојот магазин CR Fashion Book, а последната што се одржа вчера, ако се суди според модниот избор на гостите, беше во знакот на црната боја, длабоки деколтеа и транспарентни фустани со тантела. Во црно беа облечени Карин, потоа Миранда Кер, Сиeра, Селена Гомез, Кјара Фераљи, Ли Лезарк, додека Оливија Палермо носеше бел фустан, а Роузи Хантингтон-Вајтли избра комбинезон на пруги.
Нема коментари