Британскиот весник Evening Standard по 60-ти пат доделува награди за најдобрите театарски дела, а вчеравечер во London Palladium повторно се собра значајни актери, номинирани автори и познати личности на новото наградување за најдоброто во британскиот театар. Меѓу наградените се Џилијан Андерсон, Том Хидлстон, Том Стопард, Кејт Буш и режисерот Џереми Херин. На настанот во поглед на модниот изглед доминираа Бенедикт Камбербач со својата вереница Софи Хантер облечена во фустан од Ердем со цветен дезен, како и Дејвид и Викторија Бекам кои избраа црни комбинации – тој класичен смокинг, таа долг фустан од својата колекција. Театарските награди ги привлекоа и луѓето од модниот бизнис, како уредничката на Vogue Ана Винтур, Кристофер Бејли од „Барбери“, брендот што спонзорира една од наградите, како и Том Форд и супермоделите Наоми Кембел и Суки Вотерхаус.
Нема коментари