Продолжува серијата на филмски наградувања која што ќе финишири следниот месец со Оскарите, Лос Анџелес вчеравечер беше во знакот на доделувањето на признанијата на Здружението на актери (Screen Actors Guild). Да, вниманието го привлекоа наградените актери, како и средбата меѓу поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон која е доминантна денеска на Интернет, ама секогаш е интересна и модата на црвениот килим. На вчерашниот настан преовладуваа припиени вечерни фустани со смирени форми, неутрални нијанси, но и доза на јаки бои како портокалова, смарагдно зелена и боја на циклама, ткаенини со нежни светки, а впечатливи беа и неколкуте комбинации со панталони.
Нема коментари