Актерката Розамунд Пајк често на црвениот килим носи креации на париската модна куќа „Живанши, не згреши што го избра брендот и за појавувањето на премиерата на филмот A Private War во Лондон. Пајк облече црна креација на „Живанши“ составена од ролка и прозирно здолниште од тантела, со долго палто со нагласени раменици, во која изгледаше елегантно, класично и со доза на готички гламур. Стајлингот е одлично финиширан со залижана фризура и шминка во која доминира црвениот кармин.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари