По светската премиера на вториот дел од сагата „Игра на гладта“, The Hunger Games: Mockingjay, Part1, во Лондон, филмот продлжува да се промовира и во другите светски метрополи, а главните актери и на премиерното прикажување во Лос Анџелес покажаа добар моден избор. Главната хероина на филмот Џенифер Лоренс остана верна на „Диор“ и избра креација од колекцијата на висока мода на брендот, Елизабет Бенкс избра необичен фустан од „Леонард“, Џена Малон изгледаше гламурозно во фустан од „Унгаро“, а Џулиен Мур беше прекрасна во креација во стилот на 20-тите години.
Нема коментари