Емилија Кларк, Кит Харингтон, Софи Тарнер, Гвендолин Кристи и останатите актери од популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ се појавија вчера на светската премиера на осмата и последна сезона на фантастичната сага. Тие позираа на црвениот килим на настанот во Њујорк во одлични стајлинзи – Емилија Кларк носеше тоалета на „Валентино“, Софи Тарнер краток моделна „Луј Витон“, а Гвендолин Кристи блесна во креација на Ирис Ван Херпен.
Осмата сезона на серијата ќе почне да се емитува на 14 април.
Нема коментари