Важен настан во лондонска агенда во последниве 14 години е летната забава што галеријата „Серпентајн“ ја организира во Кенсингтон гарденс. Секоја година галеријата кани некој водечки архитект да дизајнира привремен павилјон, а по Френк Гери, Оскар Нимајер, Аи Вејвеј, годинава задачата му припадна на чилеанскиот архитект Смиљан Радиќ. Неговата работа беше откриена на вчерашната забава на која традиционално се собира уметничката и шоу-бизнис елита. Спонзорирана од модниот бренд „Бриони“, забавата ги заинтересира Кира Најтли, Кара Делевиљ и Алекса Чанг, потоа Бредли Купер, Орландо Блум и Фарел Вилијамс, модните дизајнери Метју Вилијамсон, Питер Дандас и Рикардо Тиши, но и бизнисмените Франсоа-Арно Пино од „Керинг“ и Брендан Мулејн од „Бриони“, уметницата Марина Абрамовиќ и познатата архитектка Заха Хадид.
Нема коментари