Како еден од најважните и најпрестижни настани во годината, доделувањето на Оскарите не е мерило само на филмските квалитети, туку секоја година ја отвора приказната за успешните или утнатите модни стајлинзи на црвениот килим. Гламур и светки, долги тоалети и дизајнерски креации, оскаровскиот килим секогаш привлекува внимание. Годинава како да беше во знакот на тивок луксуз, забележавме смирени тонови и форми, како да изостанаа јаките бои и смелите шари, крупните светки и парчиња накит. Дури и шминката и фризурите беа нежни и деликатни. Сепак, мала доза на ексцентричност видовме во креациите на Скјапарели и Дел Коре кои ги носеа Сандра Хилер, Емили Блант и Флоренс Пју.
Добитничката на Оскар Ема Стоун привлече внимание со минт-зелениот фустан на Луј Витон со корсетиран дел и голем пеплум-карнер. Но, Стоун доживеа модна незгода – пред да се качи на бината да ја прими златната статуетка, забележа дека е пукнат шав на задниот дел од фустанот, па првото нешто што ко кажа кога го зеде Оскарот во раце беше „Леле, ми пукна фустанот“.
Секогаш една од најдобро облечени, Зендаја повторно одушеви и поажа модна одважност благодарение на метализиран фустан на едно рамо со потпис на Armani Privé. Џенифер Лоренс носеше фустан со точки од новата колекција на висока мо0да на Диор, Кери Малиган тоалета на Баленсијага во стилот на 50-тите, а Грета Ли креација на Лоеве. Сите три избраа црно-бела палета.
Лили Гледстоун не го освои Оскарот, но сепак влезе во историјата како прва домородна Американка номинирана во категоријата главна женска улога. Своето наследство го нагласи и на оскаровскиот килим – таа облече тегет фустан на Гучи на кој е вметнат вез со домородни мотиви направен во соработка со уметникот Џо Биг Маунтан.
Марго Роби после серија розови модни комбинации и рекреации на куклата Барби, кои ги носеше минативе месеци додека го промовираше својот филм „Барби“, на Оскарите се појави во црн фустан на Версаче – можеби како протест и одговор што не беше номининирана во категоријата за најдобра актерка како што многумина очекуваа.
ЕМА СТОУН
ЗЕНДАЈА
ЛИЛИ ГЛЕДСТОУН
КИРСТЕН ДАНСТ
АМЕРИКА ФЕРЕРА
ФЛОРЕНС ПЈУ
САНДРА ХИЛЕР
МАРГО РОБИ
ГРЕТА ЛИ
КЕРИ МАЛИГЕН
ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС
ШАРЛИЗ ТЕРОН
АЊА ТЕЈЛОР-ЏОЈ
ГРЕТА ГЕРВИГ
ХЕЈЛИ СТАЈНФЕЛД
ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС
Нема коментари