Преку ден модерни во трендовски парчиња и коктел фустани од урбани брендови и дизајнери, навечер гламурозни во раскошни тоалети од најпознатите модни куќи. Актерките, моделите и ТВ-ѕвездите во врвен стил и доза на сексапил дефилираат на црвениот килим на 73-тото издание на Венецискиот филмски фетивал. Иако големо внимание предизвикаа разголените интимни делови, нозе и деколтеа на некои од гостинките, сепак, Венеција, како и Канскиот фестивал може да се пофали со одличен спој на холивудскиот гламур и европскиот моден раскош.

Го донесоа гламуорт на стриот Холувуд во Венеција- Дакота Фенинг, Ејми Адамс и Ема Стоун
Првите денови во фокусот беше Ејми Адамс со одличниот избор на фустани. Преку ден одушеви со моделот во неколку нијанси на сино од „Фенди“, следуваше цветна креација од Equipment… Сепак, најголем впечаток остави на вечерните премиери со златната тоалета од Том Форд , во стилот на стариот Холивуд, и со црниот транспарентен фустан од „Версаче“.

Нови трендовски верзии на класичниот црн фустан- Ешли Грин, Ејми Адамс, Гема Артертон, Софи Тарнер и Катерина Шула
Со црната креација од тантела со разголени нозе со потпис на Giorgio Armani, Гема Артертон ги остави сите без здив. Таа имаше низа успешни стајлинзи, почнувајќи од кежуал изгледот на прошетка низ Венеција со килотки од џинс, преку шарен фустан со карнери , па сè до претежно црните секси тоалети за главните промоции.Елегантна и женстена беше во црната припиена креација од Стела Макартни.

Ема Стоун во трендовски цверен модел од „Џамбатиста Вали“
Ѕвездата на новиот мјузикл, La La Land, Ема Стоун, во свој стил се појави со трендовски зелен фустан од „Џамбатиста Вали“. Најдобро издание на црвениот килим ѝбеше со синиот светкав модел од „Версаче“. Во сличен тон, налик на сирена се појави и младата актерка Дакота Фенинг, која беше вистински амбасадор на брендот Miu Miu, носејќи модерни и шик креации на сите појавувања. Алисија Викандер, пак, беше одличен промотер на „Луј Битон“. Таа блесна покрај своето момче и филмски партнер Мајкл Фасбендер.

Наоми Вотс е една од најдоброоблечените гости на фестивалот
Една од најдобро облечените гости на фестивалот несомнено е Наоми Вотс, која не престана да одушевува со одличниот и префинет избор на фустани. На долгата листа на беспрекорни модели се: жолтата креација од Роксанда, црн долг модел со флорален вез и карнери од „Фенди“, раскошниот модел од Ели Саб, како и виолетовата креација со потпис на „Кавали“…

Софи Тарнер одушеви со својот созреан изглед
Една од дамите што одушеви со својата сензиалност на овој настан е ѕвездата на „Игра на троновите“, Софи Тарнер. Созреана, со руса коса таа носеше неколку стајлинзи, со доминантна црна боја: комбиензон од „Клои“ и миди фустан од рускиот бренд Yanina.

Ејми Адамс со одличен избор на фустани за дневните и вечерните настани

Сите очи беа вперени во нејзе-Гема Артертон во раскошна креација од „Армани“

Модерна и елегарна на сите појавувања во Венеција-Гема Артертон

Алисија Викандер со своето момче и филмски партнер во модели од „Луј Витон“

Моделот Барбара Палвин во креации од новиот омилен бренд на ѕвздите Philosophy

На црвениот килим сензуална, на дневните настани модерна, Ева Херцигова

Донатела Версаче и Наоми Кембел
Нема коментари