Кратки фустани, шорцеви, кус топ, комбинезони и креации со принтови од славни дизајнери блеснаа на синиот килим на доделувањето на Teen Choice Awards, што се одржа вчера во Лос Анџелес. Младите ѕвезди, актерки, пејачки и ТВ лица наликуваа една на друга, следејќи го трендот на гуси струкирани креации, исшарани со впечетливи апликации и бои. Сличен беше нивниот избор на модни додатоци, клач чанти и сандали или чевли со високи потпетици во сребрена, златна боја или со блескав тон. Кај фриузрите доминираа плетенки, лелеави пуштени коси и лежерно собрани варијанти.
Кратки маички во комбинација со здолништа, шорцеви или тричетврт панталони носеа: Клои Мориц (во модел од ресорт линијата на „Валентино“ ), Тејлор Свифт (во модел од Novis ), Нина Добрев (со шорцеви), Шеј Мичел (бела креација од тантела). Црното како основа беше изборот на Ким Кардашјан која носеше црна кожена блуз подвиткана во предниот дел во комбинација со зебра-здолниште под колена од „Балман“, комбинраносо чевли од „Баленсијага“. Младата ѕвезда Хејли Стајнфилд носеше креација од Ели Саб, а Шејлин Вудли изгледаше созреано во шарен фустан од „Питер Пилото“.
Ели Саб беше изборот и на идолот на младите актерки и музичарки, латино-ѕвездата Џенифер Лопез која на себе имаше кус зелен модел од тантела. Кус црн фустан со мониста од Марк Џејкобс и чевли од Џими Чу е изборот на Сара Хајленд. Едноставно, но урбано изгледаа Мишел Леа со трибен кус фустан и Луси Хејл со креација од „Кристијан Диор“. За елегантно издание се одлучиле Селена Гомез, која носеше црн костум од „Сен Лоран“ со златни „Миу Миу“ чевли и клач чанта од „Диор“, и Кендал Џенер, во бел комбинезон.
Нема коментари