Како се приближува трката за „Оскар“, така се нижат филмските награди, а вчера во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите на Здружението на актери, односно Screen Actors Guild Awards. А признанијата за најдобра глума повторно во рацете на фаворитите на сезоната, актерите Џулиен Мур и Еди Редмејн за улогите во „Сè уште Алис“ и „Теорија на сè“, потоа Патриша Аркет која доста емотивно ја прими наградата за нејзината улога во Boyhood, како и на целиот кастинг на Birdmen (Мајкл Китон, Ема Стоун, Наоми Вотс, Едвард Нортон, Зек Галифианакис) кои добија заедничка награда за најдобра актерска игра во еден филм. Во телевизискиот дел наградите ги собра сериите „Портокаловата е нoва црна“ иDowntown Abbey и актерите Кевин Спејси, Марк Рафало, Френсис Мекдорманд и Виола Дејвис.
Во однос на модата ѕвездите покажаа храбар избор на фустани во интензивни бои и креации со необични решенија кои отстапуваат од изгледот на класична тоалета за на црвен килим. Преовладуваа смарагдно зелени и пурпурни тонови, но забележавме и ред темни и светли фустани (црни, бели, тегет или бебешко розови) и акценти со цветен дезен.
Кира Најтли избра необичен фустан од Ердем направен од пурпурно виолетова тантела и со пеплум-набор во горниот дел, додека Џулиен Мур продолжува да носи модели на парискиот бренд „Живанши“, овојпат зелен фустан украсен со кристали. Необични креации од „Диор“ носеа Ема Стоун во црн модел со транспарентни делови и Розамунд Пајк во асиметричен фустан со цветни апликации.
Џенифер Анистон излегува од својата сигурносна зона и наместо вообичаените црни фустани покажува смелост за нови стилови и вчера облече винтиџ-модел од Џон Галијано, но има негативни посени за пренагласеното деколте. Џулија Робертс се појави во црн комбинезон од „Живанши“, а Лупита Нионго не нè одушеви со изборот на креација со цветови и пруги од Ели Саб. Фелисити Џонс ноеше бебешко розов модел од „Баленсијага“, Риз Витерспун бел фустан со едноставен крој од Џорџо Армани, а во фустани во јаки бои Софија Вергара, Џулија Маргулис и Камила Алвес.
Нема коментари