Кејт Бланшет и Руни Мара се главните актерки во „Керол“ на Тод Хејнс, филмот што викендов беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, а на црвениот килим и двете се појавија во драматични вечерни фустани. Бланшет избра волуменозен фустан со структурални набори од Џајлс, а Мара бела тоалета од свилен шифон и со долг шлеп од колекција на „Рошас“ од 2005 година. На црвениот килим забележавме и други впечатливи креации, како оние на Ева Лонгорија, Ерин О’Kонор и на манекенката Наташа Поли. Салма Хајек се појави во виолетов фустан со едноставн крој од „Гучи“, а Сиена Милер промовира готски изглед со стајлингот составен од креација од Соња Рикел, впечатлив ѓердан и темен кармин.
Кејт Бланшет
Ева Лонгорија
Ерин О’Kонор
Салма Хајек
Сиена Милер
Наташа Поли
Нема коментари