Пастелни, црно-бели и креации со светкава мониста блеснаа на црвениот килим на доделувањето на People’s Choice Awards вчеравечер во „Нокиа театарот“ во Лос Анџелес. Покрај класичните тоалети во балон, сирена или молив форма, актерките се појавија и во миди креации во стилот на 50-тите години, во комбинезони, панталони и мини модели. Доминираше младешкиот дух, играта со формите и храбрите модни решенија. Меѓу најдобро облечените дами на свеченото доделување на наградите за најпопуларните актери од областа на телевизијата и филмот беа: Елен Помпео, Џулијана Ранчиќ, Кристен Бел, Сара Хајленд и Клои Грејс Мориц. Тие покажаа нови погледи на свечените креации на црвениот килим.

Џинифер Гудвин, Џулијана Ранчиќ и Крситен Бел во миди модели во стилот на 50-тите
Помпео, која ја доби наградата за најдобра актерка во ТВ-серија, се појави во светлорозов комбинезон од Ели Саб. Изгледот беше надополнет со дискретна шминка , фризура и накит. ТВ-водителката Џулијана Ранчиќ одушеви со светсло син миди фустан во стилот на 50-тите, со потпис на Тони Вард. Во слична форма беше креацијата што ја носеше Џинифер Гудвин, која избраал бел модел од Delphine Manivet, а Кристен Бел се појави во магента розов модел со волумезен повеќеслоен миди-дизајн од Monique Lhullier.

Елен Помпео, Елен Деџенерес и Порта де Роси избраа комнинезони,односно машки костум
Панталоните беа избор на двојката Елен Деџенерес, во класичен бел котрум и Порта де Роси со син комбинезон од Zuhair Murad. Бела Торн носеше црн костум од „Армани“, а пофалба за црниот комплет панталони и црн топ доби и една од лауреатите на вечера, Мелиса Мекарти. Актерката Кејли Куоко, која ја освои наградата за најдобра актерка во ТВ-комедија , беше лежерна и модерна во црно-бел комбинезон со здолниште-панталони.

Ана Фарис, Сара Хајленд, Алисон Џени и Клои Грејс Мориц
Младата актерка Сара Хајленд носеше бело-сребрен модел со превез од светкава мониста од Christian Siriano, а нејзината колешка Клои Грејс Мориц беше по покежуал издание, комбинација на бела ролка и светкаво мини здолниште. Светкаво решение видовме и на една од домаќинките на вечерта, Алисон Џени која ја покажа својата одлична линија во сребрана тоалета од Rani Zakhem, а нејзината колешка-водителка, комичарката Ана Фарис, носеше бел дводелен модел со пемплум од Juan Carlos Obando.

Забавната страна на црбата боја ја покажаа Белами Јанг, Стана Катиќ, Кет Денингс и Лиса Еделштајн
Дека црната боја не мора секогаш да биде здодевна покажаа Белами Јанг во краток модел од натела, Лиса Еделштајн во светкав фустан, Стана Катиќ во раскошна креација од Каролина Херера, Кет Денингс во секси фустан од тантела со потпис на Juan Carlos Obando, додела Ариел Винтер се реши за долго црно палто од Smythe. Умешна игра на црната и белата видовме кај Оливија Мун и Кетрин Мекфи (во Balmain).

Пролетни тонови во изборот на Вајола Дејвис, Габриел Јунион и Ејми Адамс
Вo впечатливи пролетни тонови се појавија Габриел Јунион, Вајола Дејвис, кои имаа избрано нијанси на виолетова и розовата боја, а идниго син беше фустанот на Ејми Адамс.
Нема коментари