Актерките Лупита Нионго и Кери Вашингтон одушевија со својот изглед на доделувањето на NAACP Image Awards, што се одржа во саботата во Pasadena Civic Auditorium во Калифорнија. Кандидатката за „оскар“ за улогата во филмот „12 Години робје“, која е актерско и модно откритие на годината, се појави со портокалова креација дизајнирана од Рикардо Тиши за „Живанши“. Нијансата одлично прилега на преубавиот тен на Нионго, чија стилистка одлучила да ја усклади и со чевлите и чантата кои исто така се во златесто-порокалова боја. На раката има впечатлива златна алка.
Ѕвездата на ТВ-серијата „Скандал“, пак, која е во подомината бременост, блесна во темосина тоалета со розови ракави, од Thakoon. Моделот го надополонила со морнарско-сина чанта и дискретен дијаманстки накит. Стајлингот на Вашингтон е одлично заокружен со романтичната фризура, прибрана во плетенка на едната страна.
Меѓу повпечатливите на црвениот килим беа ТВ-актерката Реџина Кинг со црна креација од Мајкл Костело, Наоми Харис во златен модел , пејачката Бренди во црн корсетиран фустан и Татијана Али во цветен фустан со тантела и реси.
Нема коментари