Холивуд можеби го има црвениот килим на Оскарите, но Њујорк го има Мет Гала, настан кој според модните познавачи е вистинското место за гламур и за екстраваганција. Во календарот на њујоршките настани, првиот понеделник е резервиран за гала настанот во музејот Метрополитен со кој се означува отворањето на традиционалната модна изложба во Институтот за костими, па така вчерашниот понеделник беше во знакот на Мет Гала. Огромен број на познати личности кои позираа на црвениот килим, во пресрет на изложбената поставка наречена Manus x Machina: Fashion in the Age of Technology, која се фокусира на дихтомијата помеѓу рачно изработената висока мода и облеката создадена со помош на машини. Бидејќи темата на изложбата се занимава со футуризам и модата во ерата на технологија, дел од славните што прошетаа на килимот, како Наоми Вотс, Тејлор Свифт, Рита Ора, Сиена Милер, Лупита Нионго, се појавија во футуристични креации со металик финиш. Не беа изоставените ни драматичните стилови на облека и стајлинг, во што најумешни беа Зое Кравиц и Соланж. На Мет Гала често се случува ѕвездите да дојдат во друштво на модните дизајнери, овојпат Блејк Лајвли се појави со Кристфер Бејли од „Барбери“, Бет Мидлер со Марк Џејкобс, а Флоренс Велч со Алесандро Микеле од „Гучи“. На црвениот килим доминираа креации на „Балман“, „Луј Витон“, „Живанши“, а доманиќанката на настанот, главната уредничка на Vogue Ана Винтур, носеше модел од колекцијата на висока мода на „Шанел“.
Нема коментари