Баланс меѓу стариот гламур, смелиот сексапил, актуелните трендови и тензичниот непредвидлив футуризам-какви што се и самите ТВ- серии и филмови, можеше да се види на црвениот килим на доделувањето на Emmy awards. Како што им доликува на најпрестижните телевизиски награди, или „оскарите“ на малите екрани, како што некои ги нарекуваат, модниот избор на гостите е софистициран, елегантен и екстравагантен. Телевизиските кралици најмногу ги носеа класичните свечени тонови: црна, бела и црвена, во поедноставни, но и во пораскошни варијанти. За елеганција во црно се одучија Луис Рој, Кери Расел, Мишел Фајфер, Габриел Јунион, Лесли Џонс, Џејн Краковски, Емили Рорсам, Џилија Луис-Драјфус, Клер Фој, Џули Боуен, Рејчел Блум, Нив Кембел, Мери Елизабет Винстед, Сузан Сарандон и Тина Феј… Во црвени секси креации се појавија Џина Родригез, Ивон Страховски, Никол Кидман, Хајди Клум и Сара Хајленд . Дел од дамите се одлучиле за светкави, сребрени креации, а дел за пастелни тонови или за впечатливи трендовски нијанси. Предвладуваа долгите балски и тесни тоалети , ако и модели ала сирена. Ваков модел избрале Медлин Бруер, Фелисити Хофман, Софија Вергара и Пријанка Чопра.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари