Транспарентни фустани, модели со цветен вез, пруги, необични графички принтови и светкава мониста се главните трендови што може да се видат на црвениот килим на доделувањето на Screen Actors Guild Awards, вчеравечер во Лос Анџелес. Покрај класичните форми на тоалети, со деликатни материјали што паѓаат на телото, дел од актерките се одлучиле и за креации со структурални форми, крој инспириран од 50-тите, фустани со едно рамо, разголени модели, со везови, а неколку се појавија и во панталони . Доминираа стандардните бела, црна сребрена, златна боја, како и црвени, кремасти и пастелни тонови. Можеа да се погледнат главните трендови од колекциите пролет-лето 2017 на големите модни куќи и дизајнери , каде на голема врата се враќаат романтичните шари и форми.
Еден од тие трендови се креации украсени со цвени везови. Со ваков модел се појавија: Ема Стоун во црна креација со проѕирен корсет од „Александар Меквин“, Џанел Моне со креација од „Шанел“ до под колена, Клер Фој во фустан од Valentino, Кејт Хадсон цветот го носеше како украс на својата црна креација од „Диор“ а со креација украсена со флорални елементи и птици беше и Џина Родригез(PatBo)… Тенди Њутн предизвика внимание со артистичката црно-белата креација со светкава мониста со дезен од Schiaparelli, Тараџи П. Хенсон во проѕирниот раскошен фустан од Reem Acra. Никол Кидман отскокнуваше со зелената креација со пердувии од Gucci.
Во бел балонест фустан со викторијалнски ракави од „Диор“ беше бремената Натали Портман. За оваа боја се одлучила и Кери Вашингтон која се појави во проѕирна тоалета со везови од Cavalli Couture. Во бело блеснаа и Вајола Дејвис (во специјално за нејзе направен фустан од Вивиен Ветсвуд), Бри Ларсон (Jason Wu), Кирстен Данст (Dior) , Фелисити Хофман во Antonio Grimaldi, како и Мерил Стрип.
Еден од најголемите трендови на црвениот килим беа фустаните со пруги, кои ги носеа: Мишел Докери (Elie Saab), Јара Шахид (Naeem Khan), Мишел Вилијамс ( Louis Vuitton). Еван Рејчел Вуд оваа сезона на доделување на награди ги однесе панталоните на едно повисоко и покул модно место, наметнувајќи нов тренд со елеганција и женственост. Овој пат носеше темносин машки костум од кадифе со потпис на Altuzarra. Во панталони беа и Даша Поланко, Наоми ( Lanvin) И Гвендолин Кристи ( Vivienne Westwood).
Во транспарентни модели се појавија Кејли Коуко, која носеше нежно розов фустан налик на цвет, Ариел Винтер со златна тоалета од Mikael D, Елими Блант носеше кремаста креација од Roberto Cavalli. Во забележителни црни модели беа Ејми Адамс (Brandon Maxwell), Криси Тејген, Винона Рајдер, а Софија Вергара изненади со модел во стилот на 50-тите од Zuhair Murad, со црн тул и сребрен корсет.
За најдобра актерка на 23-тото издание на SAG awards е е прогласена Ема Стоун, а кај мажите победи Дензел Вашингтон. Наградите за споредни улоги ги земаа Вајола Дејвис и Махерсхала Али. Најдобра акетрка екипа има филмот Hidden Figures, а признание добија и тимот на Hacksaw Ridge.
Кај драмските серии најдобри актерски перформанси имаат Џон Литгоу и Клер Фој за улогите во серијата The Crown, додека севкупен победник е екипата на Stranger Things. Најдобар актерски тим меѓу комедиите има Orange Is The New Black, а поединечно сстатуетки земаа Џулија Луис-Дрејфус за Veep и Вилијам Х. Мејси за Shameless.
Најдобра глума во мини-серија или ТВ-филм имаат Брајан Кренсон во All The Way, кај мажите и Сара ПОлсонза American Crime Story: The People V. OJ Simpson кај жените. Серијата Game of Thrones го има најдобриот кастинг во оваа категорија.
Нема коментари