Во знак на поддршката на кампањата #TimesUp на црвениот килим на доделување на престижните британски филмски награди BAFTA славните катерки и актери се појавија во црни креации. Овој тренд, со модата да се изрази став и солидарност на движењето против сексуално вознемирување и нееднаквост, кој почна на доделувањето на Златните глобуси минатиот месец, продолжи и на овиаа свеченост што се одржа вчеравечер во Royal Albert Hall во Лондон. Анџелина Џоли, Џенифер Лоренс, Лупита Нијонго, Салма Хаек, Октавија Спенсер, Маргот Роби, Саоирс Ронан, Роуси Џејмс, Кристин Скот и други актуелни глумици од сите генерации се појавија во различни модели во црна боја. Модните куќи и славните дизајнери покажаа дизајнерски модификации со кои се докажа дека црната боја на црвениот килим никогаш не може да изгледа здодевно, ако се даде стилска креативност. Единствено Војвотката од Кембриџ се појави во темно зелена тоалета на Jenny Packham, по што наиде на критики од јавноста.
На 71-то издание на BAFTA најголем победник е „Три билборда надвор од градот“ кој е прогласен за најдобар филм, а е награден и во категоријата за оригинално сценарио. Актерката Френсис Мекдорманд доби признанија главна женска улога, додека и Сем Роквел за споредна машка улога. Најдобар режсер е Гиљермо Дел Торо за филмот „Форма на водата“, кој победи и во категориите за оригинална музика и продукциски дизајн. Британската академија на филмски и телевизиска уметност наградата за најдобар главен актер му ја доделија на Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во „Најмрачниот час“, а за најдобрата споредна женска улога ја оценија онаа на Алисон Џејни од „Јас, Тонја“.
Најголемата актерска надеж, е Даниел Калуја, а за најдобар филм надвор од англиското подрачје е прогласен „Слугинката“ од 2016 година на режисерот Панг Чак-ук, кој е прв корејски филм што ја освоил оваа награда. За најдобар документарен филм е прогласени I Am Not Your Negro, на режисерот Раул Пек.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари