Модата на црвениот килим на вчерашното доделување на филмските награди на критиката беше за неколку нијанси понеинвентивна и послаба од онаа за време на „Златен глобус“, а дел од холивудските ѕвезди покажаа лош моден избор. Критиката ги награди филмовите Boyhood и Birdmen и актерите Џулиен Мур, Мајкл Китон, Патриша Аркет, а медиумите најмногу се заинтересираа за појавувањето на Анџелина Џоли и Џенифер Анстон на ист настан, прво заедничко појавување по „Оскарите“ во 2009 година. Во однос на модата Анџелина носеше сребрен фустан во стилот на холивудски гламур од златното доба креиран од „Версаче“, додека Џенифер направи необичен избор со бордо смокинг со панталони од „Гучи“. Јасно беше дека под смокингот не носи градник, а стајлингот го доврши со накит од Фред Лејтон.
Розамунд Бело-црвената тема од „Златен-глобус“ на CCA се претвори во црно-бела модна приказна, но можеа да се видат и сивкасто-сребрени тоалети и фустани со принт и со делови во интензивни бои. Бели фустани носеа Розамунд Пајк, Џесика Частеин и Марион Котијар, а во црно се појавија Џулиен Мур, Фелисити Џонс, Розарио Доусон и Мишел Монахан. Риз Витерспун избра црн фустан со корсет во боја на циклама кој се претвора во голема панделка во задниот дел, а Даен Кругер избра фустан со син принт.
Розамунд Пајк, Џесика Частеин и Марион Котијар
Нема коментари