Неколкупати сме го потенцирале одличниот моден стил на младата актерка Лили Колинс, а ни се допаѓа нејзиниот последен избор – портокалов фустан со асиметрична должина од Тони Матичевски, од колекцијата за ресорт 2015. Лили креацијата на австралискиот дизајнер со македонско потекло ја носеше во средата на премиерата на нејзиниот филм „Со љубов, Роси“ во Токио. Фустанот е без прерамки и со структурален долен дел, има џебови и сребрен патент во задниот дел, а актерката го комбинирала со чевли од Кристијан Лубутан и накит од Вита Феде.
Нема коментари