Кристен Стјуарт, Џулиен Мур и Кејт Босворт вчера се појавува на специјалното прикажување на Still Alice, нивниот заеднички филм за кој Џулиен ја доби наградата „Златен глобус“ за најдобра женска улога. Младата Кристен за настанот избра готски гламур со проѕирен темен фустан дефиниран со розов ремен од Роксанда Илинчиќ и сандали од Барбара Буи, со фризура во стилот на 50-тите во комбинација со појака шминка на очите. Џулиен и Кејт се појавија во светли креации. Педесет и четири годишната Мур избра беле елегантен комбинезон со еасиметричен горен дел од Александар Меквин, а Босворт сивкаста креација украсена со сребрени апликации од Оскар де ла Рента во стајлинг со чевли од Џими Чу.
Нема коментари