Популарната пејачка Кети Пери на неодамна одржаните австралиски музички награди ARIA се појави во црн фустан без прерамки и со златно-бели апликации во вид на минијатурни слики дефинирани со викторијански рамки. Станува збор за модел од колекцијата нa брендот KTZ на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, кој се најде во колекцијата за сезоната пролет-лето 2015. Пери фустанот го комбинира со ѓердан околувратник и алка исто така од KTZ.
Нема коментари