Канскиот филмски фестивал како најзначаен европски фестивал од оваа област редовно ги привлекува големите режисерски и актерски имиња, но претставува и магнет за познати личности кои овие денови се селат на југот на Франција за да го поддржат ценетиот фестивал и да се прошеаат на црвениот килим во раскошни креации. Овогодинешното издание, 67 по ред, беше отворено вчера со премиерата на „Грејс од Монако“ со Никол Кидман во главната улога, која на црвениот килим се појави во богато орнаментирана тоалета од колекцијата на висока мода на Армани стилизирана со накит од Хари Винстон и нежна шминка. Впечатлив беше и изгледот на Блејк Лајвли, која носеше темно бордо шифонски фустан со висок шлиц од „Гучи“ и соодветни обетки. Манекенката Карли Клос избра фустан од „Валентино“ во сличен тоналитет, но со чуден крој. Белата боја е избор на Зое Салдана и Летиција Каста, но првата носеше креација на Викторија Бекам, втората модел од колекцијата на висока мода на „Диор“. Во црно-бели комбинации се појавија Адел Екзаркопулос и Жанг Зији, а внимание привлече и Џејн Фонда во тоалета во стилот на 80-тите години.
Нема коментари